Претседателот на регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) Марко Бислимоски во интервју за МИА изјави дека не очекува било какви проблеми во енергетскиот сектор при евентуален втор бран на КОВИД-19.
-Не очекувам дека ќе има било какви проблеми, бидејќи веќе имаме искуство и ние како Регулаторна комисија за енергетика и она што е особено битно и компниите веќе знаат како да се организираат и како да функционираат во вакви кризни услови иако кога започна првиот бран немаа искуство во вој дел. Со самиот факт што немамвме прекини во снабдувањето со електрична енергија и во производството на топлинска енергија сигурен сум дека компаниите, имајќи го во предвид исксуството од првиот бран, и доколку, не дај Боже дојде до втор бран, уште подобро ќе бидат организирани.
Каква е позицијата на Регулаторната комисија за енергетика по првиот бран на пандемијата во однос на спроведување на реформите?
-РКЕ во изминатиот период работеше со намален интензитет во смисла на доаѓање на вработени на работа во регулаторното тело, но сите обврски кои ги имавме и сите планирани активности навреме ги завршивме. Се што имавме како обврска што произлегува од новиот Закон за енергетика и одредни подзаконски акти кои требаше да ги одобриме ги изреализиравме.
Конечно ги одобривме и мрежните правила за дистрибуција со топлинска енергија со кои цената за приклучокот по инсталиран киловат ја намаливме за околу 30 проценти и сега е пониска за околу 1.200 денари. Со тоа даваме сигнал до новите инвеститори кои градат згради да се приклучуваат на системот за топлинска енергија.
Исто така, донесовме и една многу битна одлука согласно Законот за енергетика со која и препорачавме на Владата да го номинира МЕМО за национален маркет опреатор на пазарот „ден однапред“. Тоа е еден од првичните услови за понатаму овој наш оператор да продолжи со соединување со Бугарската берза. Нашата земја и Бугарија ќе бидат првите земји во регионот кои ги соединиле овие организирани пазари на електрична енергија „ден однапред“ и „во текот на денот“. Нашата интенција е понатака кон овој наш заеднички пазар со Бугарија да се приклучат и Косово, Албанија и Црна Гора, а подоцна и останатите земји од регионот.