СТАНДАРД life
ЕКОНОМИЈА

Битиќи: Економијата во Македонија во 2020 година не е иста со економијата во 2008 или 2001 година

Фатмир Битиќи, советник за економија во Владата, за емисијата „Што не е јасно“, изјави дека претпоставките се дека ситуацијата ќе се стабилизира при крајот на мај и веќе во јуни полека ќе се враќаме во нормала.

„Проекциите се оптимистички. Согледувајќи ги земјите во регионот, дали сме премногу оптимисти? Јас не би го кажал така. Треба да се знае дека оваа криза не треба да се споредува со другите кризи, затоа што Македонија во 2020 година не е иста со Македонија во 2008 или 2001 година.  Структурата на економијата е променета и затоа проекциите на Светката Банка и на ММФ мора да ги следиме“, вели Битиќи.

За него, првиот и вториот сет на владини мерки се најсоодветни и на тоа укажуваат и бројките.

„Очекувањата се дека ќе има 26 000 барања од фирми, тоа е 34 отсто од вкупната економија кои сакаат да им се помогне. После два до три дена ќе знаеме колку работници ќе опфатиме со мерките, а мислам дека ќе опфатиме до 250.000 работници. Над 65 проценти од самостојните извршители на дејност побарале помош од државата преку мерките. Средствата ќе започнат да се исплаќаат за три дена“, изјави советникот.

Поврзани вести

Германија им понуди нс САД договор вреден милијарда евра за да ги укинат санкциите за „Северен тек 2“

Stefanija Kuzmanovska

Голем пад на вредноста на биткоинот поради случувањата на берзите на нафта

Платежни картички за пензионерите, самохраните родители и невработените

Берта Китинска