СТАНДАРД life
ЕКОНОМИЈА

Битиќи – Хајдари: Да создаваме економски политики за зголемување на меѓусебната соработка и подобрување на конкурентноста на Западен Балкан

Заменикот на претседателот на Владата на Република Северна Македонија, задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи, еднодневната работна посета во Република Косово ја започна со средба со министерката за трговија, претриемништво и индустрија Розета Хајдари, со која разговараа за економската соработка помеѓу двете земји.

Вицепремиерот Битиќи посочи дека е исклучително важно Владите на земјите од Западен Балкан да креираат кохерентни и конзистентни политики со кои ќе се зголемува конкурентноста на регионот, наместо конкуренција помеѓу земјите, пришто ќе се унапредува меѓусебната економска соработка, во насока на подобрување на условите за живот и создавање на повисок животен стандард за сите граѓани во која и од земјите да живеат. Преку „Берлинскиот процес”, кој се реализира со поддршка од влијателни земји-членки на ЕУ, направени се сериозни чекори со кои се унапредува дијалогот помеѓу Владите, но и претставниците на бизнис заедницата и се започнати сериозни реформи кои ќе ги доближат сите земји од Западен Балкан до членството во Европската Унија.

Економската соработка помеѓу Република Северна Македонија и Република Косово, како две соседни и пријателски земји, има сериозен потенцијал да се продлабочува уште повеќе, заклучија на меѓусебната средба вицепремиерот Битиќи и министерката Хајдари и посочија дека за поздравување е податокот дека трговската размена во првите три месеци од 2021 бележи пораст од 30%.

Министерката Хајдари и вицепремиерот Битиќи се заложија да продолжат со заедничките ангажмани за да ја унапредуваат економската соработка помеѓу двете земји, но и да работат на подигнување на конкурентноста на регионот во интерес на сите граѓани.

Поврзани вести

Владата донесе уредба со која банките ќе можат да понудат промена на договорните услови за кредитите

Милијардерот Брансон не се откажува од државна помош, сега го нуди карипскиот остров

Stefanija Kuzmanovska

Ангеловска Даноци се воведуваат за да се има добар план за ефикасна наплата

msp-admin