СТАНДАРД life
ЕКОНОМИЈА

Бочварски на средба со Силвестри: Капиталните проекти се важни за економскиот развој

Министерот за транспорт и врски Благој Бочварски оствари работна средба со aмбасадорот на Италија во Република Северна Македонија, Н.Е Андреа Силвестри.

На средбата, Бочварски информирал за инфраструктурните проекти што се реализираат во Република Северна Македонија во делот на патната и железничката инфраструктура, како и проектот за гасификација на земјата.

„На средбата, го запознав амбасадорот со крупните капитални проекти што ги реализираме во нашата држава. Разговаравме за сите проекти, посебно за проектите што планираме да ги реализираме во наредниот период а кои се значајни за регионалното поврзување на земјата. Ова беше одлична можност да разговараме и за зголемување на економската соработка“, изјави министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски.

На средбата биле разменети и мислења и искуства на двете земји во однос на справување со предизвиците од Ковид кризата.

На крај, министерот изразил благодарност за досегашната соработка и ја потенцира потребата од зголемување на економската соработка меѓу двете земји.

Поврзани вести

ДИЖС: И покрај објавувањето на годишни јавни набавки, БЕГ не користеле мазут од 2013 година

Влатко Зорба

Трансформација на економијата најавува новата влада

Берта Китинска

НБРМ: Просечната камата во октомврина кредитите 5,05 проценти, на депозитите 1,28

msp-admin