Стандард
ЕКОНОМИЈА

Јавните претпријатија ќе ги бришат каматите на долговите на граѓаните

Јавните претпријатија на државо ниво ќе ги бришат каматите на долговите на граѓаните, оваа мерка е предвидена во петтиот антикризен пакет.

Денеска премиерот Зоран Заев рече дека оваа мерка не е обесхрабрување за граѓаните кои редовно си плаќаат сметки, туку искажување солидарност кон по сиромашните и ги повика и приватните компании да се откажат од каматите на долговите.

– Со законски измени ќе им се нареди на јавните комунални претпријатија, јавните претпријатија на државно ниво, Управата за јавни приходи и други јавни институции, како и на општините, да им ги простат долговите на граѓаните по основ на камати во висина од 100 проценти. Тоа се однесува за сите физички лица во земјава. Главнината која ја должат повеќе од три месеци по однос на испорачани комуналии и други јавни услуги ќе можат да се репрограмираат со плаќање за вкупно 12 рати, а притоа да се избрише каматата, појасни Заев на прес-конференцијата во Владата.

Со оваа мерка не се опфатени каматите на долговите кон приватните компании ЕВН, БЕГ и други приватни претпријатија кои даваат јавни услуги, но премиерот Заев ги повика и нив доколку се во можност, да се приклучат кон оваа акција.

Тој додаде дека  ќе се направи интервенција во Законот за трговски друштва со што сите оние институции и претпријтија кои ќе ја избришат каматата, нема да плаќаат данок на добивка на избришаното.

Поврзани вести

Зголемена продажбата на нови возила во Велика Британија

Stefanija Kuzmanovska

Денарот одбележува 28 години

Влатко Зорба

Анекс на Договорот со ТАВ, се активираат средствата за 99 проекти

Берта Китинска