СТАНДАРД life
ЕКОНОМИЈА

Бочварски: Со градат нови социјални згради во Демир Капија и Гевгелија

Mинистерот за транспорт и врски Благој Бочварски на денешната прес-конференција информираше за реализираните активности на министерството во првите 100 дена.

„ Завршивме со изградба на првиот дел од експресниот пат Штип-Кочани, односно ја пуштивме во употреба делницата Штип-Крупиште. Интензивно продолживме со изградба на експресниот пат Штип-Радовиш и експресниот пат Ранковце-Крива Паланка. На вчерашната седница на Влада донесовме одлука на Влада за преземање на градежните активности од нов изведувач на експресниот пат од Градско до Прилеп, односно делница Градско–Дреново.

Тоа значи дека сега имаме чист терен за работа и активно продолжуваме со изградба на оваа значајна патна врска кон Пелагонија.Понатаму, ги завршивме сите нови проекти што беа пропуштени при изградба на автопатот Кичево-Охрид и сега имаме забрзана динамика на изградба. Уште еден значаен проект кој го работи Министерството за транспорт и врски е проектот за изградба и санација на локални патишта вреден 70 милиони евра. Деновиве ќе потпишеме договор со изведувач и отпочнуваме со реконструкција на 27 патишта во 13 општини.

Во насока на обезбедување на дом за ранливи категории граѓани, преку АД за стопанисување со станбен и деловен простор, започнавме со изградба на две нови социјални згради во Демир Капија со 16 станови и Гевгелија со 52 станови. Набрзо очекуваме започнување на нова зграда и во Велес со 29 станови. Во овој момент се градат вкупно 576 социјални станови”, потенцираше министерот Бочварски.

Поврзани вести

Нова инвестиција во ТИРЗ – германската „Ипротекс“ инвестира 5 милиони евра и отвора нови 30 работни места

Влатко Зорба

Освен за локалите, казни и за музичарите и гостите, бараат од Независната угостителска комора

Почнува стечајното рочиште за Еуростандард Банка