СТАНДАРД life
ЕКОНОМИЈА

Депонентите на Еуростандард ќе се обештетуваат преку четири банки

Стопанска, НЛБ, Халкбанк и Комерцијална банка се четирите банки преку кои ќе им бидат исплатени депозитите до 30.000 евра во денарска противвредност на физичките лица кои штеделе во пропаднатата „Еуростандард банка“, објави Фондот за осигурување на депозити.

Од Фондот посочуваат дека во услови на ширење на пандемијата на ковид-19, покрај својата основна задача за исплата на осигурените депозити на депонентите – физички
лица, чувствуваат потреба дополнително да придонесат кон заштита на граѓаните.

„Оттука, се донесе Одлука дека исплатата на обесштетувањето на депонентите – физички лица (резиденти и нерезиденти) на „Еуростандард банка“ АД Скопје во стечај, ќе се врши преку четири банки со цел да се избегнат масовни собири“, велат од Фондот за осигурување депозити.

Оттаму велат дека откако ќе го добијат конечниот список на физичките лица депоненти на банката кои треба да се обесшетат, тие ќе ги распшределат по четирите банк и ќе ги известат од која банка да си ги подигнат депозитите.

„Фондот навремено ќе ги извести депонентите и јавноста за датумот на почетокот на исплатата на обесштетувањето на осигурените депозити кај банките – исплатувачи. Се прават максимални напори исплатата да започне што поскоро“, посочуваат од Фондот.

Поврзани вести

Нов Закон за платежни услуги и платни системи: Финтек, нови услуги и финансиска инклузија на ранливите категории

Влатко Зорба

„Витаминка“ го усвои планот за работа за 2021 година, приоритет зголемување на продажбата дома и во егионот

Влатко Зорба

С. Македонија и Турција имаат големи можности за соработка во полето на ОИЕ

Влатко Зорба