СТАНДАРД life
ЕКОНОМИЈА

Димитриеска Кочоска: Граѓаните заслужуваат да знаат дека јавниот долг во Македонија расте

Алатките за транспарентност се секогаш добредојдени но податоците треба да се презентираат секогаш објективно и точно, бидејќи граѓаните заслужуваат да знаат дека јавниот долг во Македонија расте, а не се стабилизира како што изјави министерката Нина Ангеловска на денешната презентација на јавниот долг.

Еве да погледнеме што говорат фактите. Какво е тоа стабилизирање на јавниот долг кога во 2017 година бил 48.7% од БДП или 4.78 милијарди евра, потоа во 2018-та година изнесува 48.6% од БДП или 5.2 милијарди евра, а 2019-та година е 48.9% од БДП или 5.54 милијарди евра?

Факт е дека јавниот долг расте секоја година, а оваа Влада не знае како да го стабилизира, а камоли да го намали. Само за 3 години јавниот долг пораснал за цели 780 милиони евра.

Македонија е на последното место во Западен Балкан по економски раст, државата достигнува рекорди во задолженост, а ги нема капиталните инвестиции и се поставува прашањето каде и за што одат, сите овие пари на граѓаните?

П.С.

Се надевам дека транспарентната министерка Нина Ангеловска, ќе се ангажира конечно да се вклучи бројчаникот на Порта Македонија, за да може да го регистрира следното задолжување на државата, кое е предвидено за 25.02.2020 година, наведува дополнителниот заменик министер во Министерството за финансии Гордана Димитриеска – Кочоска.

Поврзани вести

„Привремена забрана за вршење на дејноста“ – ако не се почитуваат протоколите следува казна од 2.500 до 30.000 евра

Берта Китинска

Споредба на мерењата на Макстил и оние на Гази Баба: Ниски вредности под гранично дозволените и во деновите кога фабриката работела

Влатко Зорба

Резултатите од наградната игра Мој ДДВ#Моја награда се над очекувањата, расте бројот на нови корисници

Никола Поповски