СТАНДАРД life
ЕКОНОМИЈА

Државата е подготвена за забрзување на сите постапки за да се реализираат инвестиците на градежниците, вели Бочвраски

Градежните компании се подготвени да инвестираат милијарда евра во наредните три години, но од властите, централната и локална, бараат тоа да им се овозможи, да се донесат новите урбанистички планови кои се во изработка и да се тргнат мораториумите за градење.

Претседателот на Градежната комора Ивица Јаќимовски, по денешната средба со министерот за транспорт и врски Благој Бочварски, рече дека проектите за инвестирање на компаниите се подготвени. Бизнисот сака да помогне во овие услови на криза што ги наметна Ковид, сака да поттикне раздвижување на економијата преку реалзирање на планираните активности

– Подготвени сме да финансираме во време на криза и како компании преземаме чекор. Нудиме во наредните три години да инвестираме една милијарда евра во секторот градежништво. Преземаме обврска да инвестираме во проекти кои веќе постојат и ги имаме како компании, но бараме од страна на власта, централната и локалната, да преземе конкретни мерки за да можеме да ги реализираме проектите, истакна Јаќимовски.

Според Бочвраски, државата е подготвена за забрзување на сите постапки за да може да се реализираат инвестиците на градежниците.

– Сите закони што се спорни и сите подзаконски акти каде треба да има промени отворени сме да ги разговараме со коморите со цел да се забрзаат постапките. Влегуваме во акција заедно градежната комора и сите стопански субјекти што се подготвени да инвестираат, а од наша страна ќе ги преземем сите чекори за олеснување и за што побрзо стартување со инвестици, изјави Бочварски.

Имаме, потенцираше тој, разработено концепт за стратешки инвестиции.

– Сега е момент да ја подигнеме реализацијата на капиталните инвестиции. Тие имаат влијание во време на ковид. Сега е време за акција и работа, а не за политики. Ги правиме законски промени за да ја олесниме постапката за продлжување на изградбата на автопатоите, водоводите и други проекти, рече Бочварски.

Одговарајќи на новинарско прашање министерот рече дека се реализирани 55 проценти од автопатот Кичево-Охрид според проектите по препроектирањето, што, пак, ќе повлече одложување на рокот за изградба што беше планиран за следната година.

Поврзани вести

Економскиот совет го разгледа дополнителниот пакет мерки за справување со економските последици

„Рамстор” најавува уште најмалку 700 нови работни места

Влатко Зорба

Макпетрол донираше 1.000 таблети во вредност од 6 милиони денари за ученици

Влатко Зорба