СТАНДАРД life
ЕКОНОМИЈА

Државна Видеолотарија реагира на невистините изнесени во изјавата на Асоцијацијата на спортски обложувалници

Државна видеолотарија на Македонија реагира на вчерашното соопштение на Асоцијацијата на спортски обложувалници (АСОМ), од каде што сметаат дека принципиелно денеска треба онлајн обложувањето да заврши за сите со истекот на рокот на владината уредба од шест месеци.

Од Државна видеолотарија на Македонија тврдат дека приредувањето на онлајн обложување е нивно право, додека обложувалниците како лиценцирани приредувачи на игри на среќа тоа го стекнале привремено со владината уредба.

„Прво, Уредбата со законска сила за примена на Законот за игри на среќа и забавните игри за време на вонредна состојба, со која приредувачите на игри на среќа имаа право, преку интернет, да ги приредуваат игрите на среќа кои ги имаат уредено со Правилата за игри на среќа одобрени од страна на Министерството за финансии, согласно издадената лиценца, престанува да важи од 22.12.2020 година, односно сите приредувачи на интернет игрите на среќа кои вршеле приредување на интернет игри на среќа врз основа на Уредбата мора да прекинат со приредување на интернет игрите на среќа преку нивните платформи.

Второ,Државна Виделотарија на Македонија, како друштво основано со заедничко вложување на Државна лотарија на Македонија и Касинос Аустриа Интернатионал ДОО, согласно член 7 од Законот за игрите на среќа и за забавните игри (ЗИСИЗИ) има право да ги приредува и интернет игрите на среќа до истекот на траењето на Договорот за основање, а овластувањето за приредување на интернет игрите го има од самиот закон (ex lege) и не подлежи на системот на лиценцирање како што подлежат другите приредувачи кои имаат намера да ги приредуваат и интернет игрите на среќа.“, гласи нивниот демант.
Од таму велат дека правото на Државна Видеолотарија на Македонија да приредува интернет игри на среќа е уредено, дозволено и временски неограничено според Законот за игрите на среќа.

„Услугите на 2win.mk се достапни од 2015 година и ќе бидат непрекинато достапни и во иднина“, се вели во реакцијата.

Поврзани вести

Завршува рехабилитацијата на регионалниот пат „Узем-Тораница“

Бектеши: Ќе се олеснуваат условите за водење бизнис и отворање фирми

Влатко Зорба

Од полноќ повисока цена на горивата