СТАНДАРД life
ЕКОНОМИЈА

ДЗС: Алкохолните пијалаци поскапи за 0.7 % во јануари

Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на цените на угостителските услуги во јануари 2021 година, во споредба со декември 2020 година, остана на исто ниво.

Споредено по групи на услуги, зголемување е забележано во групите Храна за 0.3 %, Алкохолни пијалаци за 0.7 % и Безалкохолни пијалаци за 0.8 %, додека во групата Ноќевања е забележано намалување за 1.6 %.

Индексот на цените на угостителските услуги во јануари 2021 година, во однос на истиот месец од претходната година, е зголемен за 0.5 %.

Поврзани вести

Завршува рехабилитацијата на регионалниот пат „Узем-Тораница“

Директорот на Секретаријатот на ЕЗ го истакна напредокот на Северна Македонија во енергетскиот сектор

Влатко Зорба

СКСЗМ прогласи „Топ 100“ најголеми, најмоќни и најуспешни компании

msp-admin