СТАНДАРД life
ЕКОНОМИЈА

ЕУ со 35 милиони евра ги поддржува реформите во секторот јавни финансии во земјава за да се создаде ефикасен и транспарентен систем

Европската унија со 35 милиони евра ги поддржува реформите во секторот јавни финансии во земјава со цел да се создаде ефикасен и транспарентен систем кој ќе овозможи поодговорно управување со јавните средства и намалување на ризиците за измама и корупција.

Според евроамбасадорот Дејвид Гир, ефикасниот и транспарентен систем за јавни финансии е предуслов за економскиот раст на секоја држава. Со таков систем се намалуваат ризиците од измама и корупција и се враќа довербата на јавноста дека јавните пари се трошат во интерес на граѓаните.

– Токму затоа реформите во јавниот сектор се клучен столб во процесот на пристапување кон ЕУ. Поглавјето 32 за финансиска контрола заедно со поглавјата за правда и за внатрешни работи вообичаено се меѓу првите што се отвораат при преговорите за членство во ЕУ. Реформирањето на управувањето со јавните финансии е процес полн со предизвици кој бара постојани политички заложби, носење на тешки одлуки и цврста координација меѓу клучните институции во секторот, вклучувајќи ги меѓународните финансиски институции и граѓанското општество, порача евроамбасадорот при денешното презентирање на резултатите што произлегуваат од поддршката обезбедена од ЕУ.

Поврзани вести

ТИРЗ со најдобар прв квартал во последните четири години

Влатко Зорба

Исплатата на пензиите започнува на 26 мај

КСС: Како наеднаш стопанството колабира за две недели или истото дишело на шкрги две години?

Влатко Зорба