СТАНДАРД life
КОМПАНИИ

Бизнисмен од Малезија го купи првиот твит во светот за 2,9 милиони долари

На почетокот на месецот, пишувавме за почетокот на јавната продажба на првиот твит во светот, односно кратката порака оставена на 21 март, пред точно 15 години, од основачот на оваа социјална мрежа, Џек Дорси.

Околу две недели подоцна, твит на кој пишуваше „Само што објавувам твит“ беше продаден на богат човек од Малезија, за 2,9 милиони долари. Твитот е продаден на аукција, а парите одат во добротворни цели, пренесува Би-Би-Си.

Како што понатаму се наведува, купувачот е извршен директор на технолошката компанија „Бриџ Оракл“, Сина Естави, и тој ја купи првата кратка порака од Твитер преку незаменлив токен (NFT) – нова форма, слична на криптовалута.

– Мислам дека години подоцна, луѓето ќе ја разберат вистинската вредност на овој твит, како сликата на Мона Лиза – истакна Естави, додека Дорси изјави дека заработката ќе се претвори во биткоини, а потоа ќе ја донира на фондот Africa Give.

Патем, NFT е единствен дигитален сертификат во кој се наведува кој поседува фотографија, видео или друга форма на мрежните медиуми. Секој делува како колекционерски предмет што не може да се дуплира, и тоа е главната предност.

На овој начин се продаваат и скапи дигитални уметнички дела.

Поврзани вести

Ергодан ги повика Турците да инвестираат во земјата

Влатко Зорба

LIBOR заминува во историја, централните банки треба да се подготват

Влатко Зорба

ССК: Сите платформи во општеството треба да се креираат со квалитет и компетентност

msp-admin