СТАНДАРД life
ЕКОНОМИЈА

Фајнанс Тинк: Поради ковид-кризата 25 000 луѓе во земјава ќе западнат во сиромаштија

FINANCE THINK – Институтот за економско истражување и политики – Скопје, на брифинг за новинарите насловен „Колку Ковид-19 влијае врз сиромаштијата во Северна Македонија?“ ги претстави резултатите од истоименото истражување.

„Кризата предизвикана од ковид-19 силно ги погоди нискодоходовните групи граѓани кои најчесто работат на нископлатени работни места или се дел од неформалната економија, примаат социјални трансфери или дознаки од странство“, стои во анализата.

Од Институтот на денешниот брифинг ја повикаа Владата за дополнителни напорти во информирање на населението за една од мерките – олеснување на критериумите за стекнување гарантирана минимална помош, која според експертите од Фајнанс Тинк има потенцијал да извлече 24 илјади лица од екстремна сиромаштија што се дефинира како живот со помалку од 1.9 долари (44 денари) на ден.

Ваквата порака до Владата ја упатуваат бидејќи истражувањето покажало дека до јули годинава, потенцијалот е искористен само 65%, што значи дека уште 9 илјади лица имаат можност да влезат во системот на ГМА и да излезат од екстремна сиромаштија.

„Дополнително, им предлагаме на носителите на политики, олеснетите услови за стекнување гарантирана минимална помош да продолжат да важат и во 2021 година, и да се воведе времен додаток на гарантираната минимална помош и времено дополнително олеснување на доходниот услов, со цел да се опфатат, покрај најсиромашните, и дел од ранливите слоеви од населението“, посочија од Институтот.

Поврзани вести

Лицата со бенифициран стаж до 30 следниот месец да изберат дали ќе членуваат во задолжителните пензиски фондови

msp-admin

Состанок на гувернерката на НБ со директорот на Одделот за Европа на ММФ

Влатко Зорба

Здружението ОБНОВА ГЛОБАЛ Струмица упати повик за донации

Влатко Зорба