СТАНДАРД life
ЕКОНОМИЈАТЕХНОЛОГИЈА

Фејсбук во ЕУ: Вработени 3,1 милиони луѓе и приход од 208 милијарди евра

Апликациите управувани од „Фејсбук“ им помогнаа на компаниите во Европската унија да остварат добар пласман на роба во вредност од 208 милијарди евра во 2019 година.

Притоа, тие придонесоа и за 3,1 милиони работни места.

Анализата објавена од технолошкиот гигант исто така наведува дека нивните услуги ги користеле 25 милиони правни субјекти од ЕУ.

Компаниите во истражувањето велат дека рекламирањето на Фејсбук, ВатсАп или Инстаграм помогнало да се заработат скоро 100 милијарди евра извоз во текот на минатата година, од кои 58 милијарди се генерирани на внатрешниот пазар на Унијата, пренесува Банкар.

Шест од десет анкетирани компании изјавиле дека апликациите на „Фејсбук“ се важни за намалување на трошоците за маркетингот, а сличен број изјавиле дека истите услуги се важни за подобрување на услугата на клиентите.

Во извештајот се додава и дека 70% од компаниите што ја користат апликацијата извезуваат, што е за 20% повеќе од конкурентите кои се откажале од овој канал на комуникација, а повеќе од половина изјавиле дека се корисни за влез на индивидуалните пазари.

Поврзани вести

Идните ажурирања за Android ќе ги подобри перформансите на вашите телефони

Движењето Антикоцкање побара времено затворање на сите објекти за игри на среќа

Влатко Зорба

Усвоен финансискиот план и процентот на зафаќање за финансирање на РКЕ за 2020 година