СТАНДАРД life
ЕКОНОМИЈА

Филиповска-Грашкоска: Предложено е поведување на повеќе од 25 кривични пријави за кршење на законите

Вкупно 12.799 вонредни надзори се извршени од шестте инспекциски служби во периодот од 27 мај до 3 јуни. Од нив, 11.504 контроли има направено Државниот пазарен инспекторат.

Предложено е поведување на повеќе од 25 кривични пријави за кршење на законите и протоколите, а затекнати се и 20-тина нерегистрирани угостителски објекти во Скопје, Тетово, Гостивар, Дебар, Струга и Куманово.

Претседателката на Инспекцискиот совет Магдалена Филиповска – Грашкоска денеска на прес-конференција информираше дека само на првиот ден кога беа воведени протоколите за угостителите, односно на 28 мај извршени се 676 контроли.

– Поради утврдени недоследности во почитувањето на протоколите, првиот ден се изрекуваа само усни укажувања и опомени, но поради многу пропусти забележани првиот ден, се премина на подрастично санкционирање на прекршувањата и изминатите неколку дена предложено е поведување на повеќе од 25 кривични пријави за флагрантно кршење на законите и протоколите, рече Филиповска-Грашкоска.

Од страна на Државниот трудов инспекторат спроведени се 504 контроли со фокус на компании од Штип и Тетово каде се појавија одредени кластери на заболени. Донесени се четири решенија и 20 укажувања за работодавачи кои не постапиле по препораките на Владата.

Поврзани вести

Преку мерката „Купувам домашно“ забележано зголемување на потрошувачката на одредени производи

Берта Китинска

Потрошувачите најмногу зе жалат на неисправности кај технички производи и бела техника

Берта Китинска

Споредба на мерењата на Макстил и оние на Гази Баба: Ниски вредности под гранично дозволените и во деновите кога фабриката работела

Влатко Зорба