СТАНДАРД life
ЕКОНОМИЈА

ФИТР: Вкупно 2.2. милиони евра за триесет и три компании

Триесет и три компании кои аплицираа по скратена постапка на Јавниот повик за кофинансирани грантови за технолошки развој на ФИТР ќе добијат 2.2 милиони евра, а самите ќе вложат околу пет милиони свои средства. Вкупниот обем на инвестиции кај овие проекти е над седум милиони евра.

Со овој повик Владата обезбедува до 30 проценти, додека останатите 70 проценти се влог на компаниите, соопштија денеска од Фонд за иновации и технолошки развој.

Инаку, компаниите од Фондот побаруваат 2,2 милиони евра максимален износ, што е 73 проценти од вкупниот буџет наменет за овој повик, штој во рамки на скратената постапка изнесува три милиони евра.

– Овој повик е наменет за финансиска поддршка за технолошки развој на претпријатија и приватни здравствени установи („ПЗУ“), меѓу другото за набавка на опрема, воведување нови производствени линии, подготовка и спроведување на активности за подобрување на енергетската ефикасност и сл. Сите овие проекти имаат за цел воведување на нови технологии во работењето со што се зголемува и конурентноста на домашните компании, се појаснува во соопштението.

Поддржаните проекти со кои овие компании сакаат да го унапредат нивото на технолошки развој се од 15 области од кои доминантно во секторот, трговија и продажба, како и маркетинг, образование, земјоделие, градежништво, енергетика, угостителство и медицина.

Најголем дел од нив, се посочува во соопштението од ФИТР, се мали (19) и микро (10) претпријатија,  додека останатите се средни (4). Овие компании се од 13 града, од кои во најголем дел од Скопје, Тетово, Прилеп, Битола, Виница и Гевгелија.

За останатите компании кои аплицираа на овој повик, а за кои Комитетот за одобрување на инвестиции (КОИ) смета дека сѐ уште не се подготвени за финансирање, од ФИТР појаснуваат дека имаат можност да одговорат на доставените коментари и препораки од КОИ.

– За оние кои ќе ја искористат таа можност Комитетот повторно ќе ги разгледа нивните аргументи по што ќе донесе конечна одлука. Оваа новина на Фондот за двонасочна комуникација има за цел подобрување на комуникацијата со апликантите, транспарентност и подобрени услуги, се вели во соопштението.

На повикот по скратена постапка аплицираа 45 компании, а таа беше воведена со цел олеснета процедура за апликантите кои ја поминале фазата на административна проверка и претселекција, но не биле избрани за кофинансирање.

Инаку поради големиот интерес, на барање на домашните компании, Фондот го продолжи рокот за аплицирање за јавниот повик за технолошки развој по редовна постапка до 10 февруари 2020 година (до 23:59 часот).

Поврзани вести

Машина на „Брако“ чистеше пред Белата куќа

Влатко Зорба

Донесен петтиот пакет економски мерки вреден 160 милиони евра (ВИДЕО)

Влатко Зорба

Остануваат уште две недели до истекот на рокот за промена на податоци во Единствениот регистар на земјоделски стопанства