СТАНДАРД life
ЕКОНОМИЈА

Германската Влада одлучи да и помогне на националната авиокомпанија Луфтханза со девет милијарди евра

Германската Влада одлучи да и помогне на националната авиокомпанија Луфтханза со девет милијарди евра.

Според дигиталниот економски магазин „Бизнис инсајдер“ што се повикува на извори од компанијата, државата ќе го преземе учеството во компанијата и за девет милијарди евра ќе добие малцински пакет со право да блокира одлуки.

Државата исто така добива до два мандата во Надзорниот одбор.

Договор е постигнат вчера помеѓу претставниците на Владата и компанијата Луфтханза, а директорот на авиокомпанијата Карстен Сфор, канцеларката Ангела Меркел и министерот за финансии Олаф Шолц треба само формално да го потврдат докуметот.

Поврзани вести

Рамковно вработените пак ќе можат да бираат работа

Берта Китинска

За прв пат после 23 години со карго транспорт, се извезе свежо македонско јагнешко месо во Јордан

Охрид се полни за Илинден, викендов се очекува шпицот на сезоната