СТАНДАРД life
ЕКОНОМИЈА

За прв пат после 23 години со карго транспорт, се извезе свежо македонско јагнешко месо во Јордан

За прв пат после 23 години и со авионски карго транспорт, вчера се изврши извоз на свежо разладено македонско јагнешко месо во Јордан.

Околу 2.000 јагниња, откупени од домашните одгледувачи на овци, со авионски транспорт вчера доцна попладне се извезоа во Јордан. Овој извоз го најавивме уште пред два месеци, барајќи алтернативни пазари за извоз на јагнето и за решавање на кризата за извозот поради пандемијата од вирусот КОВИД 19. Целта ја остваривме, околу 30 тони свежо разладено македонско јагне замина на пазарот во Јордан.

Од почетокот на извозот на јагне, #МЗШВ и Агенцијата за храна и ветеринарство беа во постојана комуникација со амбасадите, откупувачите и одгледувачите на јагне, за да обезбедиме пазари за македонското јагне. Поради кризната ситуација, за да им помогнеме на одгледувачите на овци да ги покријат загубите на поради намалениот извоз на јагниња, ја зголемивме вкупната финансиска поддршка за женско јагне на 2.500 денари по грло.

Поврзани вести

Заев оствари средба со Стопанската комора и Асоцијацијата на странски компании

Ангела Веселиновска

„Банкарскиот систем е стабилен”, истакнуваат од „Standard & Poor’s“

Влатко Зорба

Нов механизам за поддршка и развој на микро, мали и средни претпријатија во земјава