СТАНДАРД life
ЕКОНОМИЈА

МТСП: Право на паричен надоместок има невработено лице што било во работен однос најмалку 9 месеци

Министерството за труд и социјална политика информира дека граѓаните со прекин на работен однос, имаат право на паричен надоместок во висина од 50 отсто од просечната месечна нето плата на работникот за последните 24 месеци. Право на паричен надоместок има невработено лице што било во работен однос најмалку 9 месеци непрекинато, или 12 месеци со прекин во последните 18 месеци, пред престанокот на работниот однос.

Како што се наведува во соопштението од Министерството, надоместокот се исплатува согласно годините работен стаж. На пример, паричен надоместок се исплатува 1 месец, ако лицето има стаж на осигурување најмалку 9 месеци во непрекинато траење или 12 месеци со прекин во последните 18 месеци. Ако лицето има стаж од 10 до 12,5 години, надоместокот се исплатува 6 месеци, а доколку има стаж над 25 години – 12 месеци.

-Висината на месечниот паричен надоместок за време на невработеност се утврдува врз основа на пресметаните и исплатени плати кај работодавачот и изнесува 50 отсто од просечната месечна нето плата на работникот за последните 24 месеци за лице кое има право на паричен надоместок до 12 месеци. Паричниот надоместок не може да изнесува повеќе од 80 отсто од просечната месечна нето плата по работник во Републиката објавена за последниот месец, велат од Министерството.

Граѓаните што останале без работа поднесуваат барање во Центарот за вработување во местото на живеење, во рок од 30 дена од денот на престанокот на работниот однос.

Детални информации може да се најдат на страницата на Агенцијата за вработување.

Поврзани вести

Димковски: Очекуваме непречен откуп и висока просечна откупна цена на тутунот

Влатко Зорба

Бесими очекува економски раст годинава, догодина забрзување на растот

Влатко Зорба

СДСМ: Одобрени се првите 136 бескаматни кредити, првични економски мерки во вредност од 200 милиони евра