СТАНДАРД life
ЕКОНОМИЈА

Голдман Сакс: Голем пад на цената на нафтата од 70 на 20 долари

Американската инвестициска банка Голдман Сакс процени денес дека цените на нафтата ќе паднат на околу 20 американски долари за барел, како резултат на епидемијата на вирусот „Ковид-19“.

„Падот на побарувачката низ индустрискиот комплекс во моментов е без преседан“, напиша шефот за истражување на секторот за производи на Голдман Сакс, Џефри Кјури, во забелешката до клиентите.

Компанијата соопшти дека потрошувачката на нафта опаднала за осум милиони барели на ден, бидејќи коронавирусот, меѓу другото, предизвика скоро целосен застој на патувањата, пренесува CNBC.

Голдман Сакс сега прогнозира дека цената на американската WTI „лесна“ нафта во просек ќе достигне 22 американски долари за барел во вториот квартал и дека северноморската нафта „Brent“ ќе чини 20 долари за барел.

Ова е втор намалување на Голдман Сакс во прогнозата на цената на нафтата за помалку од две недели.

Поврзани вести

Издадена Деветнаесеттата емисија обврзници за денационализација

Влатко Зорба

Лагард: Економијата во еврозоната во 2020 година ги достигна своите највисоки нивоа од светската финансиска криза

ЖРСМ Транспорт превезле двојно помалку патници во споредба со 2019 година

Влатко Зорба