СТАНДАРД life
ЕКОНОМИЈА

Пазарниот инспекторат затвори 17 објекти – не ги почитувале мерките за заштита од коронавирусот

Државниот пазарен инспекторат досега затворил преку 17 објекти кои не ги почитувале владините мерки за заштита од коронавирусот.

Како што соопшти директорот на Инспекторатот, Стојко Пауновски, три објекти се затворени на 13 и 14 март, вчера се затворени седум, а денеска, само досега се затворени уште најмалку седум.

– Од денеска веќе постапуваме. Затвораме објекти каде има нарушување и непочитување на владините одлуки. Инспекторите се постојано на терен, и дење и навечер, до 00:00 часот. Но, имаме и дополнителни екипи кои вршат контроли ноќе со оглед на дојавите од граѓани дека некои објекти и тогаш работат, рече Пауновски на прес-конференција во Владата на која присуствуваа директорите на пет инспекторати.

Според Пауновски, секогаш има луѓе кои не го почитуваат пропишаното, па казните за нив ќе бидат согласно одлуката на Владата.

Како што беше речено на прес-конференцијата, Државниот пазарен инспекторат досега исконтролирал 80 маркети и аптеки. Не утврдил покачување на цените. Спровел и 3.000 надзори. Притоа констатирал дека најголем дел од одбјектите ги почитуваат мерките. Ако некој има сознанија за објект кој работи спротивно на владините препораки, може да пријави на телефонскиот број 02/3220547

Поврзани вести

Заев на Виенскиот економски форум: Инвестицискиот план за Западен Балкан ќе создаде одржлив раст и нови работни места

Одложен состанокот со потенцијалните катарски инвеститори во Вардар

Влатко Зорба

Недела неработен ден – Трговските објекти ќе работат една смена и ќе уплаќаат 2% од приходите во недела за изградба на градинки, работниците ќе добиваат 100% повисока дневница

Влатко Зорба