СТАНДАРД life
ЕКОНОМИЈА

За десетина дена се враќа платниот промет во Пошта

Околу 500 поштенски шалтери во над 300 точки на Пошта на Северна Македонија низ целата држава набрзо почнуваат со вршење на платниот промет со што очекуваат да се зголеми квалитетот на услугите во земјата, но и намалување на редиците пред банките.

„Нашите партнери Халкбанка веќе најавија дека покрај стандардните банкарски услуги на поштенските шалтери ќе се понудат и други, кои освен за комитентите на банката ќе бидат достапни и за сите кои ги користат услугите на Пошта“, велат оттаму.

Како рестарт на платниот промет потврден е 1 март. Од тогаш „Халкбанка“ ќе почне да ги користи нивните шалтери како банкарски, што беше предвидено со договорот, склучен на крајот на минатата година, велат од Пошта.

Поврзани вести

Продолжува редовното пријавување на невработените во Агенцијата за вработување

Александар Петровски

Оштетени штедачи: Доста е! Познат е криминалот на Еуростандард банка

Интензивно се работи на автопатот Кичево – Охрид со над 360 машини и преку 720 работници

Влатко Зорба