СТАНДАРД life
АНАЛИЗИ

„Њујорк Тајмс“: Зошто оваа рецесија ќе биде поинаква од претходните?

Во претходните финансиски кризи, централните банки ширум светот развија докажан пакет на алатки за спасување на националните економии. Па зошто не функционираат претходните интервенции и овој пат?

„Њујорк Тајмс“ ја обработи оваа тема под називот „Дејли“, а за истата зборуваше економскиот новинар и уредник на „Интернационалниот бизнис Тајмс“, Питер С. Гудмен.

За да се разбере зошто вообичаените алатки користени порано од банките не успеваат и овој пат, Гудмен вели дека е важно да се разбере што се случи во четвртокот наутро минатата недела.

Имено, во четвртокот наутро, на 12 март, берзата се отвори на Вол Стрит во Њујорк и веднаш по отворањето се случи пад на берзата во износ од седум отсто, по што беше прогласена 15-минутна пауза во работењето.

„Седум отсто е навистина значаен пад. Во обичен ден во обично не-турбулентно време, поместување од еден отсто е значајно и многу забележливо. Тоа ви дава на знаење дека нешто значајно се случило на берзата, без разлика на тоа дали станува збор за пад или раст. Понекогаш доаѓа до дури два или три отсто раст или пад на берзата и тоа е ретко и многу значајно. Во последниот период на паника, видовме пад од четири, дури и пет отсто, а вестите за тоа доминираа во медиумите“, објаснува Гудмен.

Пад на азиските берзи

Гудмен напомена дека бевме сведоци на голем пад на азиските и европските берзи, а штом се отвори Њујоршката берза моментално дојде до пад од седум отсто.

„Тоа значи дека постои голем страв на пазарот. До крајот на денот дојде до пад од 10 отсто на американската берза, а пет отсто во делови на Европа и тоа е најлошиот ден на берзата од 1987 година“, наведува Гудмен.

Тој рече дека работите се многу полоши отколку што првично се мислеше и дека вообичаените методи се целосно бескорисни во ова сценарио.

Проблем со побарувачката

Како што започна ширењето на вирусот во Европа, економистите и инвеститорите почнаа да сфаќаат дека тоа ќе има многу поголемо влијание врз глобалната економија, како и врз јавното здравство. Во тој момент, вели Гудмен, пазарот стана многу несигурен.

Причина поради која доаѓаше до бројни подеми и падови на берзата е тоа што инвеститорите започнаа да ги продаваат своите акции во сите фирми кои имаат фабрики или соработуваат во деловите од светот каде што дојде до избивање на епидемијата.

„Покрај тоа, постои и проблем со побарувачката затоа што можеби нема да сакате да одите во трговскиот центар од страв од зараза, без оглед на сите методи. Дури ни владата веројатно не сака да одите во трговски центар. И на тој начин вообичаените методи не можат да вродат со плод во вакво сценарио на економска криза“, заклучи Гудмен.

Поврзани вести

Вистината за тоа кој заработува пари на короната

msp-admin

Неправедниот даночен систем и короната дополнително ги ослабна сиромашните земји

Влатко Зорба

Видео игрите ја заменија музиката како најважен аспект на младинската култура

Влатко Зорба