СТАНДАРД life
ЕКОНОМИЈА

Граѓаните бесплатно може да добиваат податоци од Кредитниот регистер

Стапи во сила Одлуката на Советот на Народната банка, согласно со којашто укинат е надоместокот за издавање податоци на физички лица од Кредитниот регистар за нивната задолженост кон банките и штедилниците. Сите граѓани коишто ќе имаат потреба, извештајот со податоци од Кредитниот регистар ќе го добиваат бесплатно.

Извештајот што го издава Народната банка на барање на физичко лице, содржи податоци за износот на обврските и институциите коишто ги имаат пријавено на последниот датум на доставување податоци од страна на банките и штедилниците, како и за категоријата на ризик на кредитната изложеност, според навременоста во подмирувањето на обврските и кредитоспособноста. Покрај ова, извештајот содржи и збирен податок за обврските на барателот како жирант.

Барањата за издавање податоци од Кредитниот регистар се поднесуваат лично од барателот или од полномошник, преку писарницата на Народната банка, секој работен ден, во периодот од 8:30 до 15:45 часот. Заради состојбата со пандемијата на ковид-19, во овој период, податоците од Кредитниот регистар се издаваат во вторник и четврток, во периодот од 15 до 16 часот, преку писарницата на Народната банка. Во случаите кога барателот не е жител на Скопје, доколку барањето е поднесено до 11 часот, извештајот со податоците се изработува и се издава во текот на истиот работен ден.

-Активно се работи за да се овозможи доставувањето на барањето и издавањето податоци од Кредитниот регистар понатаму да се одвиваат електронски. Со укинувањето на надоместокот за издавање податоци од Кредитниот регистар, Народната банка настојува во овој период и дополнително да придонесе за намалување на финансискиот товар на граѓаните, во согласност со своите надлежности, велат од Народна банка.

Поврзани вести

Грција крои план да привлече супер богати луѓе

Stefanija Kuzmanovska

ДЗР: Најмалку 3.3 милиони евра се наплатени, а не се уплатени во Буџетот од Јавните комунални претпријатија

Влатко Зорба

Затворена фабриката „Пејпер мил“ во Кочани, 120 работници добиле известување да не доаѓаат на работа

Влатко Зорба