СТАНДАРД life
ЕКОНОМИЈА

Хартиеното мени заминува во историјата

Рестораните во Италија повторно се отвораат откако беа затворени поради избувнување на епидемијата на коронавирус, а нивните сопственици се свртуваат кон безбедни начини на услуга за привлекување гости.

„Конечно, после два и пол месеци, успеав да излезам во ресторан. Големо е задоволството и ако јадете добро, тоа е уште подобро“, вели гостин на ресторанот Da Enzo во Рим.

Рестораните, кои ги отворија вратите за гостите во понеделникот, даваат сè од себе за да им обезбедат на клиентите најбезбедно искуство. За ресторанот Da Enzo тоа значи дека нема менија на хартија. Наместо тоа, келнерот држи QR код за скенирање, а со скенирање на кодот, а на гостите на екраните на телефоните им се појавува менито со специјалитети на денот.

Сопственикот на ресторанот вели дека гостите се изненадени, но се прилагодуваат. Бројот на маси е преполовен, а по заминување на гостите се дезинфицираат масите и столиците.

Поврзани вести

Меморандум за соработка со Bechtel&Enka за изградба на автопатските делници Тетово – Гостивар – Букојчани, Требеништа – Струга – Ќафасан и Прилеп – Битола

Влатко Зорба

Скопје ќе добие нов центар за логистички услуги, се отвораат 90 работни места

СКСЗМ: Уредбата за носење заштита на лицето е неприфатлива за деловната заедница

Берта Китинска