СТАНДАРД life
ЕКОНОМИЈА

Хотелите „Славија“ и „Попова Шапка“ прилагодени за ваучерите за туризам

Хотелите Славија и Попова Шапка информираат дека ги прилагодија цените и аранжманите согласно барањата на граѓаните за користење на ваучерите за летување доделени од државата со проектот „Дома си е дома”.

Двата хотела во ски-центарот Попова Шапка, кои се во сопственост на АД ЕСМ, а со кои стопанисува „Елемтурс“, обезбедија попусти за летниот период и нудат аранжмани од 4 и 5 полни пансиони за летување на
планина.

– Хотелите „Попова Шапка“ и „Славија“ работат според сите протоколи донесени од надлежните државни органи, кои обезбедуваат сигурност за гостите и персоналот, наведуваат од АД ЕСМ. Истовремено, оттаму информираат дека се вршат подготовки и за следната зимска сезона во ски-центарот, каде од почетокот на оваа година во функција е и новата шестоседа жичара, со која стопанисува Елемтурс.

Поврзани вести

НУК на прес со повеќе македонски здруженија пред утрешната средба во Владата

Влатко Зорба

Зошто многумина не ја почитуваат самоизолацијата?

Stefanija Kuzmanovska

Се замрзнуваат цените на лимонот, портокалот, мандарината, грејфрутот и клементината