СТАНДАРД life
ЕКОНОМИЈА

Хоџа: Природните околности го отежнаа откупот на грозјето

–Квалитетот на грозјето годинава не е таков како што очекувавме и поради природните околности во лозарството има речиси елементарна непогода, но со мерките што ги презеде Владата сите лозари што ќе го предадат грозјето добиваат осум денари од државата, ако се земат предвид сите мерки заедно, и плус тоа што ќе го добијат од откупувачите, порача денеска министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Арјанит Хоџа.

-Се наоѓаме во ситуација која не зависи многу од човечкиот фактор колку што зависи од природните околности. Преку мерките што ги презедовме како Влада успеавме донекаде да излеземе во пресрет за да не се случи најлошото. Доколку не преземевме ништо грозјето кое беше под квалитетот и без технолошка зрелост ќе требаше да остене на лозјата, а тоа ќе беше најголем проблем, рече Хоџа во одговор на прашање на денешната прес-конференција.

Посочи дека во текот на минатите десет дена три пати бил во Кавадарци.

-Ја следиме ситуацијата и секојдневневно сме во контакт со Државниот инспекторат за земјоделство, кој е присутен на лице место, и правиме максимални напори, но и ние и лозарите сме свесни за ситуацијата и преку дијалогот и партнерството со винарските визби помагаме да се откупи што поголемо количество на грозје за да го избегнеме најлошото, потенцира Хоџа.

Поврзани вести

Ангеловска: „Дигитална Македонија“ или „Смарт Македонија“ е визијата каде ја гледаме земјата во следните години

Никола Поповски

Хари Костов се стекнал со 1.000 обични акции на Комерцијална

Влатко Зорба

Трамп: Американската економија закрепнува

Stefanija Kuzmanovska