ЕКОНОМИЈА

Влада: Четвртиот пакет економски мерки е обемен и вклучува поддршка и помош за најпогодените сектори

Економско-социјалниот совет денеска ја одржа својата втора седница предводена од министерката за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска како претседателка, заменик-претседателот на Владата на Република Македонија задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи, министерот за финансии, Фатмир Бесими и останатите членови на ЕСС.

На денешната седница на ЕСС, од страна на потпретседателот на Владата, Фатмир Битиќи беа презентирани мерките од четвртиот пакет мерки за поддршка на компаниите и граѓаните креирани со цел ублажување на последиците од пандемијата со КОВИД-19.

Потпретседателот Битиќи посочи дека четвртиот пакет економски мерки тежок 350 милиони евра е продолжение на претходните три пакети и е сублимирање на анализите направени преку консултациите со сите засегнати чинители во општеството, со цел опфатот во овој пакет да биде насочен кон поддршка и помош на најпогодените сектори и категории на граѓани.

Четвртиот пакет економски мерки опфаќа поддршка за исплата на плати за последниот квартал на годината, платежни картички за одредени категории на граѓани на кои помошта им е најпотребна, грантови за најпогодените сектори, намалување или укинување на парафискални давачки, зголемување на грејс периодот кај бескаматните кредити од КОВИД 1 и дополнително одложување на отплата на кредитите од компаниите.

Од страна на членовите на Економско-социјалниот совет беше констатирано дека четвртиот пакет економски мерки е доста обемен, со оглед на тоа дека се опфатени и компаниите со цел поддршка за нивни опстанок во време на корона пандемијата, задржување на работните места и поддршка на граѓаните, стои во соопштението од Влада на РМ.

Поврзани вести

Просечната плата во Србија за прв пат надмина 510 евра

Stefanija Kuzmanovska

Тунџев: Од буџетот за 2020 за транспорт и врски, 4 милијарди 819 милиони денари се наменети за капитални инвестиции

Седумдесет и осум проценти е реализацијата на капиталните расходи во Буџетот за 2019 година

Колку пари ни беа потребни за да го истуркаме месец јули?

Берта Китинска

Северна Македонија со најниска плата во регионот

user3

СБ: Северна Македонија продолжува со позитивни трендови во економијата, растот 3,1 отсто

Влатко Зорба