СТАНДАРД life
ЕКОНОМИЈА

Инвестиција од 50 милиони евра: С.Македонија патно ќе се поврзе со Бугарија

Инвестициите во нови патишта во источниот регион се инвестиции во добрососедство кои ќе овозможат подобро поврзување и соработка на општините, бизнисите и граѓаните од двете страни на границата, изјави министерот за транспорт и врски Благој Бочварски, при увидот на активностите за обнова на патот Трстија -Бигла.

Тој изјави дека веќе е изграден првиот дел од експресниот пат Штип-Кочани, се гради вториот дел од овој пат којшто е многу значаен за поврзување на Штип и Кочани, но и за поврзување на овој регион со граничниот премин со Бугарија.

Веќе е рехабилитиран и патот од Македонска Каменица до Делчево, а се работи и на овој алтернативен пристапен пат до Делчево од Виница.

– Во овој регион и во патните прваци кои директно ја поврзуваат Република Северна Македонија со Бугарија инвестираме 50 милиони евра во патната инфараструктура за поврзување на општините и бизнис секторот од двете страни на границите, така што ние инвестираме во добрососедство и во патната инфраструктура. Мора да го споменам и транзитот низ Делчево и патниот правец од Делчево до Ѕвегор со што даваме целосно нова слика на патната инфраструктура во источниот регон со што се поврзуваме и со Република Бугарија, изјави Бочварски.

Поврзани вести

Малпас: Пандемијата може да предизвика должничка криза

Влатко Зорба

Факторинг и добавувачки факторинг како алтернативни финансиски инструменти за зголемување на ликвидноста на компаниите

Ангела Веселиновска

Бајчевски, СУТКОЗ: Работодавачите да почнат да го ценат фактот дека Владата речиси цела година ја покри со пакети мерки

Влатко Зорба