Стандард
КОМПАНИИ

Маск го престигна Гејтс: Промена на списокот милијардери, но Безос и понатаму УБЕДЛИВО најбогат

Сопственикот на компанијата „Тесла Моторс“ и „Спејс Х“, Илон Маск, го престигна основачот на „Мајкрософт“, Бил Гејтс, на списокот на милијардери на „Блумберг“ и стана вториот најбогат човек на светот.

Откако цените на акциите на „Тесла“ пораснаа, нето-вредноста на богатството на Илон Маск се зголеми на 128 милијарди долари, што е доволно за да биде втор најбогат човек на светот во овој момент. Гејтс сега падна на третото место на списокот.

Маск беше рангиран на 35. место на оваа листа на почетокот на годината, но во меѓувреме, поради бројните успешни проекти, вредноста на неговото богатство се зголеми за 100,3 милијарди долари, што е рекорд кога станува збор за зголемувањето на вредноста за една година.

Со овој раст, Маск го престигна Гејтс на списокот, што секако ќе биде дополнително задоволство за Маск, со оглед на тоа што неколкупати влезе во судир со американскиот милијардер и основач на „Мајкрософт“.

Првата расправа помеѓу Маск и Гејтс беше за електрични автомобили, а Маск тогаш му порача на Гејтс дека нема поим за нив, и сето тоа кулминираше за време на пандемијата на коронавирусот, бидејќи милијардерите имаат различни ставови кога станува збор за односот кон ковид 19.

Основачот на „Амазон“, Џеф Безос, и понатаму води на листата на најбогати луѓе според „Блумберг“. Покрај Безос, Маск и Гејтс, на врвот на листата милијардери се и Бернард Арно и Марк Цукерберг.

Поврзани вести

Пицата е најомиленото јадење во светот, но дури 50% од пицериите пропаѓаат во првите 5 години од работењето. Зошто?

Влатко Зорба

Пандемијата ја „размрда“ листата со милијардери на „Форбс“

msp-admin

Зелено светло: Microsoft доби дозвола да купи гејминг гигант

Влатко Зорба