СТАНДАРД life
КОМПАНИИ

Акциите на Twitter потонаа откако го блокираа Трамп

Акциите на Twitter се „лизнаа“ над осум проценти при тргувањето пред официјалното отворање на берзите, по одлуката на компанијата трајно да ја суспендира корисничката сметка на претседателот на Соединетите држави.

Социјалната мрежа соопшти дека одлучила да ја блокира сметката на Доналд Трамп, кого го следат 88 милиони луѓе поради „ризик од понатамошно поттикнување на насилство“, по упадот во зградата на Капитол Хил во средата.

Обвинувајќи го Twitter за ограничување на слободата на говорот, претседателот на САД навести дека може да основа своја компанија за социјални мрежи.

Акциите на Twitter се намалија за 8,24 проценти на 47,24 УСД по акција во 4:00 часот наутро по источноамериканско време, на почетокот на предберзанското тргување.

Поврзани вести

Инстаграм протега рака кон малите бизниси

msp-admin

Епл е највредната компанија во светот

msp-admin

Велика Британија размислува за повисоки даноци за компаниите кои профитираа во пандемијата

Влатко Зорба