СТАНДАРД life
ЕКОНОМИЈА

Исплатени 98,3 милиони денари субвенции на вкупно 4.207 земјоделци

На сметките на вкупно 4.207 земјоделци се исплатени околу 98,3 милиони денари, соопшти денеска Платежната агенција .

Како што информираат, станува збор за мерката „Дополнителна помош од 20 отсто на носител на земјоделски стопанства кој е регистриран вршител на земјоделска дејност согласно Законот за вршење земјоделска дејност или е регистриран како индивидуален земјоделец согласно со Законот за пензиското и инвалидското осигурување“.

Право на користење на овие средства имаат сите земјоделски стопанства кои се регистрирани земјоделци и кои земале субвенции по основните мерки од Програмата за финансиска поддршка во земјоделството за 2017 година. Овие корисници ќе добијат 20 отсто повисоки субвенции на вкупаната исплатена сума по основни субвенции од 2017 година.

„Продолжуваме со неселективната исплата на субвенциите. Во еден ден, без селекција за сите кои исполнуваат услови за добивање финансиска поддршка, се исплаќаат средствата за субвенции“, наведува Агенцијата.

Поврзани вести

Лагард: Влијанието на новиот коронавирус врз економијата е слично на финансиската криза од 2008 година

Комерцијална банка однапред плати аконтации за данок на добивка за 2020 година во износ од 120 милиони денари

Инвестиција на ,,Лидл” од 300 милиони евра: Ќе се отворат маркети во Скопје и во уште седум градови

Влатко Зорба