СТАНДАРД life
ЕКОНОМИЈА

Ја жртвуваат својата кариера за да се грижат за семејството

Голем број жени во нашава земја се откажуваат или ја ставаат кариерата во мирување за му посветат внимание и да се грижат за своето семејство.

Од вкупното неактивно население во земјава, на возраст од 20 до 64 години, во 2019-та година, 61,6% се жени, покажуваат податоците на Eurostat. За неактивно население се сметаат луѓе кои не бараат активно работа, па не се ниту вработени или невработени и се сметаат дека се надвор од активната работна сила). Според податоците на Eurostat, овој процент се однесува на жени кои не се активно вклучени во процесот на работа бидејќи се грижат за домаќинството.

Од земјите во Европа, од нас поголем процент има само во Турција (81,7%). Европскиот просек, кога се работи за жени кои не бараат активно работа поради грижа за други лица, е околу 32%.

Земји со најнизок процент се: Норвешка (5,5%), Данска (6,6%) и Исланд (9,8%).

Од друга страна, земји со највисок процент на жени кои не бараат активно работа, освен во Македонија (61,6%) и Турција (81,7%), има и во: Кипар (58,4%), Малта (50,6%) и Полска (40,6%).

Од земјите во регионот, редоследот е следен: Бугарија (39,5%), Црна Гора (39,2%), Хрватска (33,9%), Србија (27,8%), Грција (27,2%) и Словенија (17,8%).

Поврзани вести

МТСП: Право на паричен надоместок има невработено лице што било во работен однос најмалку 9 месеци

Берта Китинска

Исплатата на пензиите започнува на 26 мај

Државна Видеолотарија реагира на невистините изнесени во изјавата на Асоцијацијата на спортски обложувалници

Берта Китинска