СТАНДАРД life
ЕКОНОМИЈА

Јакнење на институционалниот капацитет на Народната банка твининг проект финансиран од ЕУ

„Јакнење на институционалниот капацитет на Народната банка на патот кон нејзино членство во Европскиот систем на централни банки“ е насловен твининг-проектот за кој денеска ќе се одржи почетна конференција.

Главна цел на проектот, финансиран од Европската Унија, е да се поддржи нашата централна банка во натамошното усогласување со правилата, регулативата, политиките и работењето со стандардите на Европскиот систем на централни банки и со најдобрите меѓународни практики, заради натамошното одржување на макроекономската и финансиската стабилност.

На првиот програмски дел се најавени обраќања на гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска, раководителот на Одделот за економски прашања, институционално јакнење и прекугранична соработка при европската делегација во нашата земја Фрек Јанмат, амбасадорот на Сојузна Република Германија, Томас Герберих, и Ана Вучиќ, втор секретар на Амбасадата на Република Хрватска.

На конференцијата ќе се обратат и претставници на проектните партнери – централните банки на Германија и Хрватска, по што планираните проектни активности подетално ќе бидат презентирани и од проектните лидери. лв

Поврзани вести

Се рагледува можноста недела да остане работен ден за угостителите и трговците на мало

Берта Китинска

Нашата цена е пониска за 55 отсто од цената на струјата на слободниот пазар, велат од „ЕСМ“

Берта Китинска

Одземена дозволата за работа на Еуростандард банка, ќе се бара стечајна постапка

Никола Поповски