СТАНДАРД life
ЕКОНОМИЈА

Ќе се гради експресен пат од Струмица преку Валандово до автопатот на Коридор 10 кај Смоквица

Во финална фаза е проектот за нов експресниот пат од Струмица-преку Валандово до автопатот на Коридор 10 кај Смоквица. Се очекува проектирањето да биде завршено на почетокот на следниот месец со што ќе се знае конечната цена на чинење и ќе се влезе во фаза за обезбедување финансии за наскоро да се почне со реализација, информира министерот за транспорт и врски Благој Бочварски при денешната посета на Валандово.

Се работи целосно нова траса што се проектира во четири фази. Според Бочварски, експресниот пат е приоритет за регионот, со оглед на, како што рече, лошата состојба на инфраструктурата во тој дел од државата.

– Тоа ќе го надминеме со изградбата на овој експресен пат, а имаме и други проекти кои се значајни. Важно е да ги добиваме клучните барања од градоначалниците за подобрување на состојбите, истакна Бочварски.

Тој соопшти дека е завршена првата тендерска постапка за проектот од Светска банка во вредност од 70 милиони евра. Со него треба да се подобри инфраструктурата во општините. Интензивни активности се очекуваат напролет.

– Проектот од СБ кој го имаме во Министерството за транспорт и врски веќе влегува во реализација, првата тендерска постапка е завршена и напролет ќе имаме силни градежни активности во општините. Преку овој проект во вредност од 70 милиони евра директно вбризгуваме средства кон општините и за потребите на граѓаните. Им помагаме на општините и за нивните приоритети и убеден сум дека така и ќе продолжиме, изјави Бочварски при посетата на населеното место Чалакли, каде ќе се гради улица преку проектот од Светската банка.

Поврзани вести

Од 18 на 10 отсто ќе се намали ДДВ на храна и пијалоци во кафулињата

Берта Китинска

Бектеши: Вкупно 400 компании ќе добијат 17,2 милиони евра финансиска поддршка од државата

Никола Поповски

УЈП ја заокружи исплатата на ДДВ на физички лица за второто тримесечје од годинава