СТАНДАРД life
ЕКОНОМИЈА

Китанов: Буџетот за автопатот Скопје – Блаце е зголемен за 250 милиони денари

Рехабилитацијата на последната делница од магистралниот пат Гостивар – Кичево од наплатната станица Гостивар до Здуњски мост ќе биде готова до крајот на ноември, најави денеска Зоран Китанов, директор на Јавното претпријатие за државни патишта (ЈПДП).

– Работата на оваа делница со должина од 4,6 километри е последната градежна активност на магистралата. Ова е последниот од деветте патишта опфатени со последната транша на ЈПДП за оваа година која опфаќа над сто километри, рече Китанов, при увидот на градежните работи на терен.

Тој упати апел до граѓаните да покажат трпеливост и разбирање, бидејќи наредниве денови ќе почне асфлитирањето на оваа делница и десетина денови сообраќајот ќе биде пренасочен. Ваквото решение, вели Китанов е најдобро, заради квалитетно поставување на асфалтниот слој во ширина од осум метри. За рехабилитација на 4,6 километри, предвидено е да се потрошат 32 милиони денари.

Започната е и акција за чистење на вегетацијата и кастрење на дрвјата покрај автопатот од Скопје до Гостивар и собирање на отпадоците.

Китанов информираше дека тендерот за автопатот Скопје – Блаце треба да заврши на 29 ноември и нагласи дека буџетот за овој проект е зголемен за 250 милиони денари.

На новинарско прашање околу проширување на автопатот Гостивар – Тетово, директорот Китанов нагласи дека веќе е добиено решението, а наредната година да биде објавен тендер за изработка на финалниот проект. Тој треба да содржи проширување на коловозот и да има две ленти од по 3, 75 метри и една помошна од 2,2 метри.з

Поврзани вести

Вбризгани околу 150 милиони евра помош со досегашните антикризни мерки

Берта Китинска

Милијардерот го шокира светот: Илон Маск продава се што има

Функцијата на компаниите за третман на отпадот и зошто се потребни

Влатко Зорба