Избрани се најдобрите трговски објекти во Скопје, во повеќе дејности, во рамките на традиционалната манифестација „Месец на трговијата 2020″, која годинава се организира по 14–ти пат.
Како што информираат од Град Скопје, овој проект се организираше во периодот од 1 ноември до 30 ноември 2020 година. Тајните купувачи по направената евалуација изготвија извештаи кои се изработени според примарните критериуми, кои оваа година поради пандемијата беа дополнети со нови критериуми.
– Помеѓу критериумите беа: изглед на продажното место, прв контакт, COVID – 19 критериуми, услуга кон купувачите, продажни вештини, нудење дополнителни производи, и завршен контакт, велаат од Град Скопје
Оваа година, поради пандемијата со ковид-19 вирусот изборот на најдобар трговски објект е организиран поинаку, и денеска, раководителот на Секторот за Локален економски развој на Град Скопје, Марко Тодоров, на претставниците на најдобрите трговски објекти плакетите им ги додели плакетите на отворено пред бараките на Град Скопје.
Категориите според кои што беа наградувани трговските објекти се: „Апарати за домаќинство, бела техника и сѐ за дома”, „Модни додатоци и накит”, „Компјутерска, аудио – видео и телекомуникациска опрема”, категорија „Парфимерии и козметика”, „Салони за мебел”, „Супермаркети”, „Бутици” и категорија „Домаќинство”.