СТАНДАРД life
КОМПАНИИ

Кварталните приходи на Twitter за прв пат надминаа милијарда долари

Кварталните приходи на Twitter за прв пат надминаа 1 милијарда американски долари. Компанијата пријави 1,01 милијарди американски долари за периодот октомври-декември 2019 година, што претставува раст од 11% во однос на година порано, додека Вол Стрит очекуваше приходи од 966,7 милиони долари.

Twitter објави нето добивка за кварталот од 118,8 милиони долари, но тоа е за 53% помалку отколку во истиот квартал од 2018 година. Приходите на социјалната мрежа се зголемуваат, претежно во Соединетите држави – за 17% и на меѓународниот пазар – за 3%.

Приходот од Twitter за целата 2019 година е 3,46 милијарди американски долари, што е за 14% повеќе во однос на претходната година. Трошоците на компанијата се зголемија за 19% на 3,09 милијарди американски долари.

Twitter не објави податоци за својот број на корисници, туку наместо тоа, објави индикатор за „монетизирани месечни активни корисници“. Во четвртиот квартал, нивниот број се зголеми за 7 милиони во однос на претходниот квартал и за 26 милиони во однос на периодот октомври-декември 2018 година.

Поврзани вести

САД се најголемиот извозник на оружје во светот, Русите запишаа голем пад

Влатко Зорба

Се бараат градежници, техничари, работници во услужните дејности…Слободни 9000 работни места

Берта Китинска

Георгиева: Пандемијата ќе ја зголеми нееднаквоста во Европа

Влатко Зорба