СТАНДАРД life
КОМПАНИИ

Производител на душеци им нуди на паровите 3.000 долари за да имаат секс

Компанијата Sleep Standards, која произведува душеци, сака да тестира колку се тие навистина добри – и тоа не само за спиење. Затоа на паровите им понуди 3.000 долари за тестирање – треба да имаат секс на пет различни душеци, а потоа да го изберат најдобриот.

„Секоја недела ќе ви испраќаме нов душек и се што треба да направите е да ни дадете искрени критики за тоа колку е добар тој душек за секс. Така е, може да бидете платени за она што го правите во вашиот секојдневен живот“, стои во огласот на компанијата Sleep Standards.

„Сите знаеме дека лош душек може да доведе до проблеми во креветот, а добар душек може да направи чуда. За да им ги спасиме луѓето маките да бараат удобен душек преку обиди и грешки, го смисливме овој експеримент. Нашата цел е да го најдеме најдобриот душек за секс и ни треба вашата помош“, се наведува.

Како што се очекуваше, се јавија огромен број парови, а компанијата соопшти дека ќе изберат пет случајни парови кои ќе добијат можност да ги тестираат душеците и да заработат 3.000 долари.

Поврзани вести

Кина ќе изгради повеќе од 600.000 базни станици за 5G во 2021 година

msp-admin

Брагонци нов шеф на канцеларијата на ЕИБ за Западен Балкан

Влатко Зорба

Мислел дека должи 730.000 долари: Семејство го тужи „Робинхуд“ за самоубиство

Влатко Зорба