СТАНДАРД life
ЕКОНОМИЈА

Која професија ќе биде најбарана по пандемијата

Програмерите ќе бидат најбарани работници на пазарот на труд во наредните неколку децении.

Тоа го изјави директорот за дистрибуција на технологија во Yandex, Григориј Бакунов, за порталот Gazeta.ru.

„Тоа може да се нарече професија на иднината. Токму овие експерти ќе го придвижат човештвото напред“, изјави тој.

Бакунов смета дека ИТ сферата може да се промени поради масовното преминување на луѓето на работа од далечина за време на епидемијата од коронавирусот.

„Пандемијата покажа дека програмерите можат да работат и од далечина. Па така и луѓето кои живеат во помали градови имаат повеќе шанса да работат во сериозни компании,“ истакна експертот.

Поврзани вести

Оштетените штедачи на Еуростандард побара итно носење на законско решение со кое државата ќе ги преземе побарувањата

Берта Китинска

Австрија ја намали стапката на ДДВ за угостителството и културата за да им помогне да ја надминат пандемијата

ЕК: Преку Гаранцискиот фонд за Западен Балкан, ќе се мобилизираат до 20 милијарди евра

Берта Китинска