СТАНДАРД life
ЕКОНОМИЈА

Комерцијална: Надзорниот одбор на Банката останува со предлогот дивидендата да изнесува 600 денари

Комерцијална банка АД Скопје соопшти дека во претходно објавените Предлог – Одлуки за употреба и распоредување на нераспределената добивка до 31.12.2020 година и за определување на износот на дивидендата и датуми на исплата на дивиденда за 2020 година, со Повикот за учество на Годишното Собрание на Банката, објавен на 26.02.2021 година, направени се измени во насока на усогласување со Одлуката за привремено ограничување на распределбата и исплатата на дивиденда на акционерите на банките бр.02-15/III-6/2021 од 26.02.2021 година, донесена од Советот на Народната банка на Република Северна Македонија (Сл.весник на РСМ бр.47/26.02.2021).

Комерцијална банка АД Скопје обрнува внимание дека и со измените на Одлуките, Надзорниот одбор на Банката останува со предлогот дивидендата да изнесува 600 денари по акција и дека измените во Предлог – Одлуките за исплата на дивидендата претставуваат одложување од привремен карактер.

Износот на дивидендата останува како задржана добивка расположлива за распределба на акционерите до денот кога за Банката ќе престане да важи ограничувањето за распределбата и исплатата на дивиденда на акционерите, велат од Банката.

Поврзани вести

Заев: Повеќе од 30% од произведената енергија е од обновливи извори – блиску сме до европскиот просек

Влатко Зорба

„Со подзаконски акт да не се поткопува законската забрана на пластичните кеси“

Влатко Зорба

Петтиот пакет мерки ќе тежи околу 150 милиони евра

Влатко Зорба