Стандард
ЕКОНОМИЈА

Макрадули: Загубите од неработењето на платниот промет се големи

Покрај Ковидот на Пошта на Северна Македонија лани и се случи и стечајот на Еуростандар банка што од 12 август сериозно придонесе за негативниот финансиски тренд на компанијата и генерирање сериозни загуби, посочи денеска генералниот директор на Пошта Јани Макрадули.

-Во најдобрите денови имало и два милиони денари дневен промет, односно 20 милиони денари месечно. Прометот се движел од 15 до 20 милиони денари месечно со што излегува дека загубите од неработењето на платниот промет се големи, рече Макрадули во одговор на прашање по посетата на поштата во Карпош заедно со членот на Управниот одбор на Халкбанк А.Д. Скопје, Буке Геречџи.

Пошта во партнерство со Халк банка од денеска повторно ја стартува работата на платниот промет. Денеска стартуваа услугите во 35 поштенски единици, за утре или задутре е најавено отворање на уште едена, а до крајот на неделава, по истекувањето на тест периодот за софтверски и безбедносни протоколи и за продукцискиот дел, ќе почне во сите 300 единици ширум земјава.

Поврзани вести

Ангеловска-Бежоска: Поголемата финансиска вклученост на жените може да донесе голем број економски придобивки за целото општество

Влатко Зорба

Американската компанија „TEXAN & Envipco“ ќе инвестира во С. Македонија

Влатко Зорба

Бесими најави догодина раст од 4 проценти