СТАНДАРД life
ЕКОНОМИЈА

Има луѓе со кои разговараме за јавно приватно партнерство, изјави директорот на Пошта

Има луѓе со кои разговараме за јавно приватно партнерство, а предноста на Пошта е што има инфраструкутра и ја покрива цела територија на државата, како и искуството и знаењето на луѓето што работат во Пошта, изјави денеска директорот на АД Пошта, Јани Макрадули.

– Тоа е атрактивно за одредени субјекти иако во моментов имаме уште нерасчистени објекти во кои сопственоста е заедно со Телеком. Треба прво тој процес да го завршиме па потоа можеме да зборуваме за продажба. Нас ни треба ноу хау, односно да увеземе знаење во однос на некои работи кои треба да ги направиме побрзо и поефикасно и треба да учиме од регионот. Во овој момент повеќе разговараме како да примениме одредено знаење во секојдневната пракса и дел од активностите што ги почнуваме одат во правец на приоритетите кои постојат во поштите во Европа каде 68 отсто од приходите припаѓаат на електронската трговија. Посериозно мораме да влеземе и во пакетскиот дел. Тоа се укажувањата кои ги имаме од секаде и кои сакаме да ги примениме, рече Макрадули.

Поврзани вести

ПИОМ: 1.800 пензионери во Македонија примаат пензија подолго од 40 години

Влатко Зорба

Заев: Во последните 8 месеци потпишавме 48 договори за државна финансиска поддршка за нови инвестиции

Влатко Зорба

Цената на ЕУРОСУПЕР БС-95 се намалува за 0,50 денари

Влатко Зорба