СТАНДАРД life
КОМПАНИИ

„АстраЗенека“ го продаде својот удел во „Модерна“ за над милијарда долари

Британско-шведската мултинационална компанија „АстраЗенека“ го продаде својот удел од 7,7 проценти во „Модерна“ за повеќе од 1 милијарда долари откако акциите на американската биотехнолошка компанија пораснаа благодарение на пробивањето на пазарот на нејзината вакцина за коронавирус, објави лондонски „Тајмс“.

Во текстот на „Тајмс“ се забележува дека не е познато кога „АстраЗенека“ го продала својот удел во „Модерна“, со која планира да го продолжи партнерството во производството на лекови за други болести, пренесе Ројтерс.

„АстраЗенека“ би можела да ја продава комерцијално својата ковид-вакцина, развиена во соработка со Универзитетот Оксфорд, ако вирусот стане ендемичен, се додава во текстот.

„Модерна“, чија вакцина е одобрена за итна употреба против коронавирусот во САД, минатата недела објави дека очекува да ја продаде оваа вакцина во износ од 18,4 милијарди долари оваа година.

Поврзани вести

АКО ЗНАЕШ, РАБОТАТА Е ТВОЈА: Омилената загатка која Елон Маск ја поставува на интервју за работа

Влатко Зорба

Hyundai и Apple планираат да потпишат договор за автономни возила до март

Влатко Зорба

Рош: Дискредитираната администрација на Трамп го користеше Хуавеј како пион во геополитичка игра

Влатко Зорба