СТАНДАРД life
КОМПАНИИ

Rimac собира до 150 милиони евра свеж капитал за Bugatti

Porsche ќе учествува во собирање на 130-150 милиони евра свеж капитал за Rimac Automobile.

Тој капитал ќе го искористи хрватската компанија за преземање на Bugatti, изјави Мате Римац за „Automobilwoche“.

Собирањето средства треба да заврши за два до три месеци, а следниот круг е планиран за крајот на годината, изјави Римац за списанието.

Porsche е сопственик на 15,5% од акциите на Rimac Automobile и може да го зголеми својот удел на нешто помалку од 50 проценти во зделката што би вклучувала и трансфер на супер-автомобилот на VW – Bugatti, во Rimac, пренесува SEEbiz.

Извршниот директор на Porsche, Оливер Блуме, на почетокот на овој месец изјави дека во тек се интензивни дискусии за иднината на Bugatti и дека RImac би можел да игра позитивна улога бидејќи брендовите се во добра технолошка состојба, додавајќи дека одлуката се очекува во првата половина на 2021 година.

Rimac разви електрична платформа за суперавтомобили што ја снабдува на други производители на автомобили, вклучувајќи ги и автомобилите в.

„Супер автомобилите имаат ограничен пазар, пазарот на компоненти е многу поголем. Затоа планираме да ја прошириме нашата компанија“, рече Римац.

Тоа вклучува планови за повеќе од двојно зголемување на работната сила на Rimac Automobile до почетокот на 2023 година на 2.500, од ​​сегашните 1.000, рече Римац.

Поврзани вести

За над 605% зголемени загубите во угостителството

msp-admin

Филип Морис прогласен за топ работодавач во светски рамки

Влатко Зорба

Еуростандард банка трајно исклучена од берза

msp-admin