СТАНДАРД life
ЕКОНОМИЈА

120 милиони денари за реконструкција на Универзална сала – Скопје во постојниот облик

„Универзална ќе биде реконструирана во постојниот облик и габарит, задржувајќи го својот автентичен изглед со цел и понатаму да служи во колективната меморија како симбол на солидарноста”, изјави премиерот Зоран Заев на настанот по повод презентацијата на проектот за реконструкцијата на Универзална сала – Скопје. Премиерот Заев, заедно со градоначалникот на Град Скопје Петре Шилегов, денеска го најавија почетокот на реконструкција на Универзалната сала, за чија цел се промовира проектот изработен од архитектот Бујар Муча. Градежните работи треба да започнат во мај годинава.

Согласно проектантските насоки, Универзална сала ќе ја задржи постоечката форма со внатрешна реорганизација на просторот со нови современи материјали за фасада, а самиот објект ќе биде енергетски ефикасен.

Шилегов искажа голема благодарност во Владата која одвои 120 милиони денари средства од Буџетот за реализација на овој проект кој има огромно значење за скопската и македонската култура.

„Универзална сала беше омилена културна институција на многу скопјани, а за многу деца, тоа е местото на првиот концерт или културен настан, а за мене тоа е доволна причина и мотив повторно да ги отвориме нејзините врати за посетителите”, рече Шилегов.

Поврзани вести

Анализа на искористеност на мерката Финансиската поддршка за исплата на плата за месец ноември 2020 година

Влатко Зорба

Директорката на ММФ на средба со Бежоска: НБ има витална улога во ублажувањето на влијанието на кризата

Влатко Зорба

Фајненс Тинк го честита изборот на новите министри за финансии и труд и социјална политика