СТАНДАРД life
КОМПАНИИ

Вработени велат дека е привилегија да се работи во овие 10 компании во 2021 година

Најдобрата проценка што работодавачот може да ја добие е проценката на вработените, поточно, нивната препорака до другите: убави зборови за компанијата, задоволство од платата, поволностите, условите за работа.

Вработените од САД гласаа и посочија околу 100 најдобри компании за работа во таа земја, а меѓу нив своето место го најдоа и најуспешните.

Google, Delta Air Lines, Microsoft имаат оценка 4,5, додека Facebook, LinkedIn, Salesforce, Zoom Video Communications добија оценка 4,4.

Mastercard и Apple имаат ист рејтинг, додека Pfizer е оценет со 4,3. Ова се првите 10 компании, од оние најпознатите, во кои вработените би сакале да ја развиваат својата кариера.

Интересно, Google остана на врвот, иако помпезноста околу неговиот начин на деловно работење се зголемува деновиве. Имено, синдикатот на компанијата расте, работниците протестираат, додека работодавачот ги следи мејловите и го бара „кртот“.

Исто така, интересно е што Apple не беше ниту близу до врвот (ја зазеде 31-та позиција), беше престигнат од некои помали компании, но сепак е пожелно работно опкружување.

После овие 10 места се наоѓаат гиганти како што се Hilton, NIKE, Walt Disney Company, PayPal, Procter & Gamble, American Express, Slack, Marriott International, T-Mobile.

Поврзани вести

Милиони невработени Американци остануваат без надоместок

msp-admin

ЕУ плаќа повисоки сметки за струја, Македонија ја очекува одлуката следната недела

msp-admin

САД се на добар пат за прв пат од 2013 година да пријават намалување на трговскиот дефицит

msp-admin