СТАНДАРД life
КОМПАНИИ

Netflix објави извештај за еднаквоста и ги призна скандалозните услови за тоа како вработува

Бројот на Афроамериканци во Netflix е двојно зголемен во последните три години, но компанијата признава дека има уште долг пат кога во прашање е вработувањето на Латиноамериканците.

Ова се само две работи истакнати во првиот извештај за инклузија на Netflix. Податоците покажуваат дека за три години, бројот на Афроамериканци се зголемил од 3,8 на 8 проценти.

Од друга страна, иако Латиноамериканците сочинуваат 18 проценти од американската нација, тие сочинуваат само 8 проценти од вкупниот број на вработени во оваа компанија.

– Можеме да сториме многу повеќе кога станува збор за ангажирање на оваа група во сите делови на компанијата – се наведува во извештајот.

Недостатокот на латиноамериканци во Холивуд, но и во технолошките компании е проблем веќе подолго време. Во текот на 2019 година, само пет проценти од улогите со текст во првите 100 рангирани филмови беа доделени на членовите на оваа нација, што ги прави најлошо застапена етничка група во филмската индустрија.

Повеќе од 9,5 проценти од лидерите на Netflix се црни, додека само 4,9 проценти од латиноамериканците се во раководство. Жените сочинуваат 47 проценти од раководните позиции.

Интересно е што Netflix не им дава бонуси на своите вработени за нивниот успех, и тие го наведуваат ова како една од причините зошто ја надминале конкуренцијата меѓу стриминг услугите.

Тие веруваат дека луѓето се најкреативни кога имаат доволно голема плата со која можат да отстранат одреден износ на стрес од својот живот. Сепак, додаде тој, има лошо влијание врз иновативноста на компанијата доколку вработените имаат загарантиран бонус за успехот што го постигнуваат.

Поврзани вести

PayPal ги блокираше сметките на организаторите на немирите во Вашингтон

Влатко Зорба

Кој „произведува“ најмногу нефункционални кредити?

msp-admin

Со ширењето на вакцинацијата, се намалува бројот на ковид-милијардери

Влатко Зорба