СТАНДАРД life
ЕКОНОМИЈА

ЦРМ: Во рамки на просекот се бројките на новоформирани и згаснати фирми во 2020 година

Во врска со вчерашната изјава на претседателот на Комората на Северозападна Македонија дека над 4.000 компании се згаснати во првите шест месеци, денес Централниот регистар излезе со соопштение во кое посочи податоци за 2020 година и кои укажуваат дека се во рамки на просекот, идентично како што е односот на новооснованите копмании, така и на оние кои згаснале.

Од податоците за последните три години што Централниот регистар ги објави денеска може да се забележи дека во 2020 година по сите основи биле избришани 6.214 фирми, додека во 2019 година – 7243 фирми, а во 2018 – 6864 фирми.

Во 2020 година основани се 7077 фирми, додека во 2019 година – 7810, а во 2018 – 7378 компании.

„Горди сме и импресионирани од храброста и претприемачкиот дух на македонските бизнисмени, дури и во услови на светска пандемија. Од официјалните податоци може да се види дека и бројот на новоосновани субјекти во изминатата 2020 година е во рамки на просекот од изминатите неколку години“, информираа од Централниот регистар.

Поврзани вести

Мобилна апликација за пријавување на прекршени работнички права

Влатко Зорба

Владата го разреши од позицијата директорот на Фондот за иновации

Џенерал електрик затвора дополнителни 10.000 работни места во одделот за авијација